(Видео) Обид за атентат и на Зеленски?! Претседателот доживеал сообраќајна несреќа во Киев!

t

Претседателот на Украина Володимир Зеленски учествувал во сообраќајна несреќа во Киев, не е тешко повреден, изјави неговиот портпарол Сергеј Никифоров.

„Во Киев патнички автомобил се судри со автомобилот на претседателот на Украина и возилата на неговата придружба. Лекарите кои го придружувале шефот на државата му пружиле итна помош на возачот на автомобилот и го предале на брзата помош. Претседателот бил прегледан од лекар, кој не констатирал сериозни повреди“, напиша Никифоров на социјалните мрежи.

Тој додаде дека полицијата ги истражува околностите на инцидентот.

Видео од местото на несреќата во Киев стана вирално и брзо се прошири на социјалните мрежи.

Возачот на вториот автомобил кој учествувал во инцидентот бил однесен со возило на брза помош, јавуваат локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…