Криминалци барани со потерница приведени во Скопје: Кај нив пронајдена дрога

t

На 14.09.2022 во 21.30 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.З.(21) и О.С.(25), двајцата од Скопје.

В.З. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. О.С. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, по наредба на Основното јавно обвинителство Куманово за истрага поради сомнение дека сторил кривично дело по член 237 од Кривичниот законик. При претрес на просториите кои заеднички ги користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги.

Лицата биле спроведени во надлежните казнено-поправни установи за издржување на затворските казни, а по расчистување и документирање на останатите случаи против нив ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…