Кое по ред? Кинеското МНР со ново предупредување до САД
Кинеското Министерство за надворешни работи официјално го изрази своето незадоволство од политиката на Вашингтон, откако Комитетот на американскиот Сенат го поддржа нацрт-законот со кој се дозволува зајакнување на американската воена поддршка за Тајван, пренесува Ројтерс.
Доколку продолжи имплементацијата на овој закон, тоа ќе се одрази на односите меѓу САД и Кина, објави на прес-конференција портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, пренесува британската агенција.
Мао, исто така, рече дека кинеската страна постојано го изразува своето силно противење на американскиот „Закон за политика на Тајван од 2022 година“, како и дека принципот „една Кина“ ја формира политичката основа на односите меѓу Пекинг и Вашингтон, пренесува Танјуг.
Комитетот за надворешни работи на Сенатот го поддржа нацрт-законот 17-5, а по ова оди на разгледување во Горниот дом на Конгресот на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините
Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…