Објавено на:

Стејт департментот: Русија пробува да отцепи дел од суверенитетот на земјите од Западен Балкан

t

Од Стејт департментот синоќа не дадоа дополнителни детали за земјите од Западен Балкан, како Албанија или Црна Гора, што примале руски средства за ширење на влијанието на Москва, по објавеното депеше испратено неделава од државниот секретар Ентони Блинкен во американските амбасади низ цел свет.

Во извештајот се споменати Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија како земји кои примиле значајни суми руски средства за ширење на руското влијание на Западен Балкан. Некои медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, изнесоа детали дека албанската десноцентристичка Демократска партија за време на изборите во 2017 година примила 500.000 долари од Москва.

Блинкен навел дека од 2014 година Русија испратила над 300 милиони долари во низа земји во Европа, Јужна Америка (Еквадор), Азија, Блискиот Исток и Северна Африка (Мали) за ширење на своте влијание.

-Нема да зборувам за специфични земји. Објавата е во контекст на рускиот мошне експлицитен и безобѕирен напад на суверенитетот на Украина. Низ целиот свет, вклучително и во овие земји Русија и руски актери се обидуваат да отцепат од суверенитетот на луѓето, да ги лишат од возможноста да носат суверени одлуки за тоа кој треба да владее, кој треба да ги води, кој победува на изборите, изјави портпаролот Нед Прајс синоќа на брифингот.

Тоа се прави со финансирање на политички партии, групи, медиуми и поединци, а за ширење на злонамерно влијание, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…