(Видео) Мицкоски бега од дуел со Арсовска: Не бил запознаен со работата на градот ама одлично знае колку чини проектот прочистителна станица
Христијан Мицкоски не прифаќа дебата, односно дуел со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. На прашање на новинарот на телевизија 21, Мицкоски истакна дека не би прифатил да дебатира со Арсовска бидејќи не е многу добро запознаен со работата на градот.
„Имаме и претседавач, па можеби таа дебата ќе биде поделотворна на тој начин“, посочи Мицкоски.’
Сепак Мицкоски одлично е запознаен со тендерот за прочистителна станица за која Арсовска обвини дека ги фатилa со рачето во медот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и екс-директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински.
Mицкоски во гостувањето во ТВ 21 во детали раскажуваше за тендерот посочувајќи дека постапката е иницирана во 2019-та година, знае кои биле членовите во комисијата која ги разгледувала понудите и е запознаен со фактот дека кредитот за проектот е во износ од 130 милиони евра, а грантот е со големина од 70 милиони евра, односно вкупно 200 милиони евра.
-Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но, јас како што гледаш, не ми трепери гласот, и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како треба. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер“, изјави утринава Арсовска пред Советот во Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовец фатен како краде од куќа во…
На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје,…
(Видео) Машината била погодена од остатоци од…
Казахстанското Министерство за вонредни состојби подоцна извести…
Уапсен скопјанец, агресивно се однесувал кон полицајци
Уапсен скопјанец поради агресивно однесување кон полицајци.…
Историска голема исплата за субвенции за земјоделците
Историски најголема исплата на субвенции Претседателот на…
Страшно невреме ја зафати Хрватска: На сила…
Црвеното предупредување е активирано во Кварнер, каналот…