Шолц: Цврсто сум убеден дека Русија треба да ја повлече својата војска

t

„За жал, не можам да кажам дека разбрал дека е грешка да се започне оваа војна“, рече Шолц коментирајќи го вчера одржаниот телефонски разговор со Путин, кој траеше час и половина.

Но, Шолц нагласи дека сепак има смисла да се разговара со рускиот лидер за да се објасни германската позиција.

„Цврсто сум убеден дека Русија треба да ја повлече својата војска за да има изгледи за мир во регионот. И секој ден мислам дека тоа е единствениот начин“, рече германскиот канцелар.

Тоа е првиот разговор на Шолц со Путин по повеќе од три месеци. Тој настојувал на идејата дека дипломатско решение и целосно повлекување на руската армија мора да се постигне што е можно побрзо.

Германија испорача на Украина уште четири „Гепард“, тенкови со де противвоздушни топови од 35 мм, еден ден откако министерот за надворешни работи на Украина остро ја критикуваше неодлучноста на Германија во испраќањето на оружјето. Севкупно, Германија досега испратила 24 Гепарди во Киев од педесетте што ги ветиле.

Украинскиот министер Дмитро Кулеба ја обвини Германија дека ги игнорира украинските повици за испраќање тенкови и борбени возила на пешадијата, нагласувајќи дека Берлин користи само апстрактни стравови и изговори како изговор.

Кулеба ова го изјави откако украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш го повика Западот да ја забрза испораката на оружје во неговата земја, која во последните денови бележи воени успеси на североистокот на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…