Арсовска: Ако некој сметаше дека ќе бидам слеп послушник се излажал
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во Студио 10 на телевизија 24 истакна дека таа има свој интегритет и дека никогаш не може да биде слеп партиски послушник.
Напротив Арсовска потенцира дека нема да дозволи да се случуваат неправди, секогаш била праведна и правична и така и ќе продолжи
-Јас настапив како независен кандидат кој избраа да го поддржат над 20-тина политички субјекти, организации и институции, но пред се ме поддржаа скопјани. Тука по завршувањето на овие избори јас кажав во повеќе наврати дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани кои живеат тука. На оние кои ме гласале, но и на оние кои не ме гласале затоа што програмата која е избрана од страна на граѓаните онаа која треба да се реализира е во интерес на сите. И верувам дека уште во тоа, работам на тоа и сметам дека тоа истото треба да се поддржи. Доколку сметаше дека ќе седам на тоа место, ќе бидам слеп послушник и дека нема да реагирам доколку видам неправда, тоа не може да се очекува од мене. Јас со својот интегритет и авторитет до сега сум кажала дека работам токму онака како што сметам, секогаш сум била праведна и правична и така планирам и да продолжам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…