Aрсовска ексклузивно: Финансиска полиција и Обвинителство влегоа во Водовод

t

Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, за емисијата „Студио 10“ рече дека од вчера во јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација – Скопје се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основноот јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

– По мој информации, од вчера е влезена финансиска полиција и ОЈО за организиран криминал. Си постапуваат по допрен глас, рече Арсовска на прашањето дали институциите го испитуваат случајот по оставката на директорот Златко Перински за наводно своеволие во тендерот за пречистителна станица за повеќе од 100 милиони евра.

Таа додаде дека нема да се предомисли и дека од денеска на голем број вработени во ЈП Водовод и канализација ќе им заврши договорот за работа. Таа додаде дека тие стотина луѓе биле вработени за само неколку месеци.

– Луѓе кои што одат на работа, а не си ја работат чесно, не смее да им се дава шанса да го оштетуваат буџетот. До сите јавни претпријатија беше испратена ревизија и побаравме отчетност.Да видиме колку луѓе се нововработени и работат од дома, порача Арсовска.

Засега само новата директорка Косана Мазнева од ЈП Комунална хигиена се одлучила да не им ги продолжи договорите на големиот број нововработени. Порача дека нема да си даде оставка и дека, како што вели, ќе продолжи да рбаоти без саботажи.

– Не, апсолутно, за оставка, вчера можеа да почнат од себеси и. Имам уште три и пол години без саботажи. Останува совеста на советниците на Град Скопје и нивниот разум да ги оддржат проектите, во спротивно, нивна е одговорноста.Секој може да одлучи во чиј интерес сака да работи, тие не се мои проекти, тие се на граѓаните, изјави Арсовска.

Градоначалничката порача дека со меѓународните тендери треба да се работи внимнателно, бидејќи у „порано се работело со странски пари, па сега одат луѓе по судови заради провизии“, наведе таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

12-годишно момче во Косово нашло 2.500 евра…

Дванаесетгодишно момче во Скендерај во полициска станица…

Иран: Не летајте низ нашиот воздушен простор

Иран ги советуваше цивилните авиокомпании ширум светот…

Голем инцидент во затворот во Шутка: Претепани…

Како што дознавам Инфомакс денеска во затворот…

Каталонската полиција го пребарува Парламентот и околината…

Каталонската полиција, во обид да го спречи…

Галант: Либан може да плати висока цена…

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече…