Најголемиот европски производител на свинско месо најавува масовни откази поради кризата
Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска.
Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни.
Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи цени за енергија и добиточна храна.
Плаќањата на фармерите не го следеа темпото (на растот на цените), па испораката на свињи во „Даниш краун“ е значително намалена изминатите месеци – појаснуваат од данската компанија.
Изминатите две години, „Даниш краун“ речиси секогаш имаше повеќе свињи, отколку што нејзините фабрики можеа да обработат.
Ситуацијата драматично се промени – предупреди најголемиот европски производител на свинско месо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…