Османи: Левица не е македонска партија туку е во функција на руската пропаганда
Најавата за нова иницијатива за референдум за раскинување на Договорот со Бугарија од Левица за министерот за надворешни работи Бујар Османи е уште еден обид да се сврти македонскиот народ против Европската Унија и САД кој нема да направи штета на државата, но ќе направи штета на народот.
„Во однос на Договорот со Бугарија ниту може ниту смее да има референдум. Договорот со Република Бугарија е еден од столбовите на евро-атланска Република Северна Македонија заедно со преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор. Второ, имаше вчера јасно објаснување дека меѓународните договори не можат со еднострана одлука да се поништат, трето – еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан за Република Северна Македонија и тие не смеат да се случат“, вели министерот Османи.
Тој смета дека Левица не е македонска партија.
„Јас сум ограничен да коментирам од МНР, но за Левица имам свој став дека тие не се македонска партија туку дека се партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против Европската Унија и САД. Мислам дека на државата нема да можат да ѝнаправат многу штета заради тоа што во државата има поширок консензус за тоа, но за народот што го претставуваат може да направат многу штета обидувајќи се да ги свртат пред вредностите што ние ги споделуваме. Мислам дека не треба да паднеме на таа пропаганда којашто делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери прво кон сопствениот народ и кон државата“, рече министерот Османи.
Според него, легитимно е партиите да го користат незадоволството и фрустрациите на граѓаните за политички цели, но смета дека тоа мора да има граници, да не се прави на сметка на иднината на државата и на иднината на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…
На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…
Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…
(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…