Иван, синот на Ѓорге Иванов со порака: И се прди на Европа за вас!
Синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван (31), изминатиот период редовно го привлекува вниманието на јавноста со своите се почести излегувања во медиумите, каде ги споделува своите гледишта за актуелните состојби во земјава.
Toj изненади со објавата на социјалните мрежи, кога ја промени профилната фотографија, на која позира облечен во елегантно одело, а наместо неа објави своја фотографија во црна маица со порака
– И се прди на Европа за вас!
-Каде и ние да си купиме таква маица, е често прашање кое многумина го поставиле под фотографијата на младиот Иванов.
Пред неколку месеци, за време на протестот против францускиот предлог кој се одржа пред Влада, Иван се појави заедно со неговиот татко. Според тогашните изјави на Ѓорге Иванов, францускиот предлог бил подла игра за разнебитување на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…
Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…
„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…
„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…
Белата куќа побарала од Пентагон и од…
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…