Индискиот премиер му рекол на Путин дека “сега не е време за војна”
Индискиот премиер Нарендра Моди му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека „сега не е време за војна, бидејќи светот е многу загрижен за безбедноста околу снабдувањето со храна, енергија и ѓубрива”.
„Знам дека сега не е време за војна и Ви кажав за тоа по телефон”, му рекол Моди на Путин на маргините на самитот на регионалниот безбедносен блок во Узбекистан, додавајќи дека демократијата, дипломатијата и дијалогот го држат светот заедно.
Путин рекол дека ја разбира загриженоста на Моди за војната во Украина.
„Го знам Вашиот став за конфликтот во Украина и ги знам Вашите причини за загриженост. Сакаме сето тоа да заврши што е можно поскоро”, рекол Путин на средбата со Моди.
Моди и Путин разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, чии постојани членки, заедно со Индија, ги вклучуваат Кина, Русија, Пакистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Индискиот премиер Моди ја отвори новата индиска…
Новиот центар се наоѓа во градот Сурат,…