Радовановиќ: Мицкоски ја обвинуваат Брнз дека местела тендери во Водовод!

t

Градоначалничката, Данела Арсовска на вчерашната седница во Советот на Град Скопје ја шокираше македонската јавност кога јавно посочи дека го фатила во криминал директорот на Водоводот, Златко Перински кој е еден од најблиските соработници на Христијан Мицкоски.

Новинарката на МИА Ирена Радовановиќ денеска во статус на Фејсбук посочи дека Христијан Мицкоски дефакто ја обвинува американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз за местење на тендерот за пречистителната станица на Вардар.

-По реакциите на луѓето се гледа дека кај нас уште палат муабети од типот “Литро виски и грам кокаин”…

Повеќето не ги интересира вистината туку кој што рекол.. “Виде ли што им кажа,а?”

Јас сакам аферата да се расчисти до крај… И ако е некој виновен да сноси одговорност.

А не фрли муабет “рачиња во мед” без да кажеш за колкава провизија се работи, да понудиш некаков доказ, како што направи Данела, или Арсовска со Брнз фаворизира турско-американски конзорциум, а да не кажеш име кој е тој конзорциум, да откриеш детали, пишува Радовановиќ.

Арсовска во понеделникот истакна дека ги повикува сите надлежни иституции да постапат по допред глас поради обидот на Перински да фаворизира една од компаниите кои учествувале во тендерот.

Денес Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, потврдија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод“.

Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека обвинителството ќе постапи согласно надлежностите доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело.

– Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години

Кривична пријава за силување на дете помладо…

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…

Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

ДЗС: Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска…

Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп…