Објавено на:

По откривање на гробниците во Изјум, Блинкен ја обвини Русија за воени злосторства

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за „застрашувачки” дела, по откривањето стотици тела закопани во близина на украинскиот град Изјум, посочувајќи дека можеби станува збор за воени злосторства.

„Русија дејствува на застрашувачки начин и тоа се гледа и повторува секогаш кога Русите се повлекуваат од деловите на територијата што ја окупираа во Украина. Можете да видите што оставаат зад себе”, рече пред новинарите шефот на американската дипломатија.

Украина денеска соопшти дека открила околу 440 гробови во Изјум, град североисточно од Харков, од каде неодамна беа протерани руските сили. Новинар на светска агенција соопшти дека најмалку едно од ексхумираните тела било со врзани раце.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека планира „наскоро” да испрати екипа за проверка на наводите на украинските власти за откривање на стотици гробници во градот Изјум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…