Пендаровски е сигурен дека нема да има војна како кога се распаѓаше Југославија
Јас сум 100% сигурен дека нова војна од типот на 90-тите години нема да има, од типот на тие низ кои се распаѓаше поранешна Југославија. Ресурсите се исцрпени, големите идеи за големи држави се поразени, рече претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Трилинг“ околу состојбата на Балканот и дали постои нова воена закана.
Според него, нема ентузијазам или волја кај некоја од регионалните локални нации да поддржува такви воени авантури, налик тоа што го прави Путин во Украина.
-Конечно меѓународниот фактор е уверен и сигурен дека 30 години вложување во каков таков мир како што го нарекуваат, да не дозволи повоторно да се разгори. Конфликти од големи размери нема да гледаме и тоа е одлична порака за сите нас, што живееме тука, смета Пендаровски.
Според него, прва колатерална штета од евентуална нова промена на границите во регионот, во контекст на разговори Белград-Приштина, ќе биде Босна и Херцеговина и Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…