Македонскиот џет-сет рони солзи за Елизабета: Да ги болеше толку за Македонија ќе ги разберев
Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук реагира на, како што вели таа, ронењето солзи на македонскиот џет-сет за смртта на британската кралица Елизабета Втора.
Да ги болеше толку за Македонија, ќе ги разберев, вели Ванковска.
“За македонскиот џет-сет, сите ние што не рониме солзи за кралицата Елизабета, сме сместени во Паљурци. Ниту читаме (инглиш мејнстрим, оф корс), ниту знаеме нешто, а и небањати сме (дека нели бунар).
Вака да ги боли за Македонија може и ќе ги разберев.
Поздрав од Паљурци (иако атеист )”, стои во објавата на Фејсбук.