По Ајфеловата кула и Версај и Лувр ги гасат светлата за да штедат струја

t

По Ајфеловата кула и другите култни париски згради – дворците Лувр и Версај – ќе се откажат од надворешното осветлување. Тоа е симболична мерка потребна за да се сврти вниманието кон енергетската криза, изјави денеска француската министерка за култура Рима Абдул Малак.

Од вечерва пирамидата на Лувр наместо до 1 часот по полноќ ќе биде осветлена до 23 часот, најави таа.

Слична одлука веќе е донесена и за Ајфеловата кула и Хотел де Вил, чии светла ќе се изгаснат порано од вообичаено.

„Почнувајќи од следната недела ќе ги гасиме светилките на фасадата на замокот во Версај во 22 часот, односно еден час порано”, додаде министерката.

И покрај овие „симболични мерки”, таа повика на поконкретни акции за еколошка транзиција во музеите, кината, театрите и сите културни објекти во Франција.

„Музејот Орсе во Париз, на пример, ја намали потрошувачката на енергија за една третина само со менување на светилките и префрлување на лед диоди. Се обидуваме да го направиме тоа во сите музеи. Разговараме и за замена на проекторите во кината. Доколку се префрлат на ласер, може значително да се намали потрошувачката на енергија, рече Абдул Малак.

Цените на енергијата драматично се зголемија во последните месеци поради руската инвазија на Украина и се прават многу напори за намалување на енергетските ресурси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Версајската палата повторно евакуирана поради закана за…

Версајската палата денеска повторно е евакуирана поради…

Нова дојава за бомба во Версај, замокот…

Замокот Версај бил евакуиран рано попладнево поради…

(Видео) Туристите бегаат: Лувр евакуиран поради закана…

Музејот Лувр во Париз е затворен од…

По Ајфеловата кула и Версај и Лувр…

По Ајфеловата кула и другите култни париски…

(Видео) Паника во Лувр: Маж фрли парче…

Маж фрли парче торта на познатата слика…