Украден полициски компјутер: Спасовски и МВР трагаат кој им го украл електронскиот уред со податоци
Украден електронски уред на граничниот премин Блаце. Првите сомнежи беа поврзани со ризикот од обиди за сајбер напади врз системот.
Од МВР за ТВ Алсат потврдуваат дека на контролниот терминал за патници со воз недостасува компјутерско куќиште. Но, тие негираат дека е можно да дојде до опасност од следење на информациите и до кражба на податоци, бидејќи, според полицијата, уредот не бил поврзан на софтверската мрежа на МВР. Во писмениот одговор велат дека компјутерот веќе подолго време не бил во функција.
Известен е Секторот за внатрешна контрола, криминалистичка истрага и професионални стандарди, кое ги презеде соодветните мерки. Доколку се утврдат пропусти во постапувањето на кој било полициски службеник, ќе се преземат мерки согласно Колективниот договор на МВР и за тоа ќе биде известено надлежното јавно обвинителство, известуваат од МВР.
Од МВР тврдат дека секој компјутерски систем може да биде цел на различни видови компјутерски напади. Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика набројуваат некои од причините кои водат до неовластен пристап до компјутерски систем.
Сакаме да напоменеме дека, според нашето искуство и според искуството на експертите од областа на компјутерската безбедност ширум светот, неовластен пристап до компјутерски систем се врши од луѓе кои ја користат ранливоста на системот каде лозинките се оставени непроменети долго време, користејќи едноставни и слични лозинки, додадаваат од МВР.
По зачестените напади врз државните институции кај нас и во регионот, Агенцијата за електронски комуникации апелира државата и компаниите да ја проценат безбедноста на нивните информациски системи. Тие споделија и листа на приоритетни активности.
Министерот Оливер Спасовски, секој ден на својот официјален профил на Фејсбук, како и на тој на МВР, објавува за ефикасни акции и успеси. Како што е познато, пред неколку месеци беше ограбен и магацин на МВР во Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без…
Гласањето во Брвеница денеска започна во 7…
Хаос на проба во Скопје? Се тврди…
Подготовките за претстојниот настап на Јелена Карлеуша…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…