Бугарија и Македонија не успеаја да постигнат прифатлива цена за струјата

t

Бугарија и Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави БНР.

Како што јави дописникот на МИА, работна група од Македонија престојуваше во Софија. На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов – советник на премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

На средбата не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.

Во текот на претстојната недела повторно ќе има состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека на 5 септември премиерите на двете земји Галаб Донев и Димитар Ковачевски се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…