Котлар до Ѓоргиев: Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!
Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно!
Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети! Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор.
Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!? Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно.
Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа!
На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!
Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!, пишува професорката Наташа Котлар на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…
Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…
Од 24 на само 4 степени во…
Голем температурен пад за само 24 часа…
Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…
УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…
Архангел Михаил е водачот на небесните војски…
Трамп ја опиша атмосферата од средбата со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…