Историски континуитет или поделена македонска историја: Македонци ја создаваа нашата историја, Македонци и ќе ја пишуваат!

t

Сите трудови за македонската историја што во претходната колумна ги набројав, беа првичен обид, би рекол успешен обид, кој ни даде одговори на следните прашања:

Кои сме? Што сме?

Од каде и какво е нашето потекло?

Зошто го носиме името Македонија?

Зошто се нарекуваме Македонци?

Чии сме всушност ние? – Свои на своето. Македонски народ кој создал македонска држава – Република Македонија. Во нив се содржани сите наши историски победи (Македонско востание – Кресненско востание; Разловечко востание;

Илинденско востание; Крушевска Република; НОБ и Антифашистичката борба против окупаторите на Македонија; АСНОМ и неговите државотворни одлуки; Референдумот од 8ми септември 1991 година). Но, набележани се и сите наши порази (Версај, Париз, Берлин, Сан Стефано, Букурешт), како показ и доказ дека некој ни грабнал од нашата родна грутка, не избркал од нашите домови, ни ги скрнавел гробовите и не пратил сургун.

Така треба и да остане, а не домашни ојлевци и иностарни дојлевци да ни менуваат историја, идентитет, а притоа и да ни го негираат нашиот македонски јазик. И денес, кога мислевме дека конечно научивме колку лесно туѓинци и недобронамерници пишувале, а потоа за нивни потреби бришеле страници од историјата на македонскиот народ, македонската нација и Македонија и барем така ни се чинеше, дека сето тоа џенем заминало, како да историјата ни се повторува во вид на фарса, само што овој пат сме криви ние самите, па дозволуваме под превезот на некаков си договор за пријателство, добрососедство и соработка други да чепкаат, одлучуваат, а најточно арбитрираат и судат, за најсветлите датуми од нашата македонска историја и за нашите историски херои и великани – преродбеници и револуционери.

Тоа е недозволено, спротивно на одредбите на Уставот на Република Македонија и на меѓународното право. Би рекле, срамно и до максимум апсурдно. Кога веќе сме на добар пат, кој во добар дел и го изодивме да го формулираме, автохтоно и автономно, нашето историско македонско гледиште и да изградиме единствен став за историјата на македонскиот народ, македонската нација и Македонија од давнина и древнина(а не поданички да ја даваме македонската антика на грци, кои тогаш и не постоеле – имало Атиљани, Спартанци, Тебанци и сл., но не и Грци)), преку средновековието и вековите на преродба – 18ти и 19ти век, па се до 20от век, век на завршување на македонската државотворност, како да некој ни става сопки и ни прави опструкции за тоа, ама како да и ние самите даваме придонес тие сопки и опструкции да бидат многу штетни за времето кое го живееме и нашата иднина. Тие што не се свесни за ова, ние граѓаните на Република Македонија мораме да ги освестиме дека така, на тој начин и со такво штетно нивно однесување никогаш докрај нема да ја оствариме нашата автентична суштина: да ја пишуваме нашата историја според паметот што го имаме, знаењето што го поседуваме, објективно, тоа да го прават историчари – експерти на професионален начин според општо прифатените стандарди на науката и историјата. А не историчари раководени и купени од политичари кои немаат чувство за родина, Татковина и национална и државна историја.

На тој начин и само на тој начин. А не секташки и под диктат на пропагандите, без разлика од каде доаѓаат, бидејќи тие секојпат биле големобугарски, големогрчки, големосрбски. А се знае нивни заеднички именител е – штетни за Македонија, Македонскиот народ, Македонската нација и Македонската историја. Од тие и такви притисоци и пропаганди ни страдаа нашите предци, страдавме ние, а ако го дозволиме и овој срам, поранешен фашистички окупатор на Македонија и македонскиот народ, со своите валкани прсти да буричка во нашата светла историја, ќе бидеме одговорни и за страдањето на нашите идни поколенија – нашите внуци и нивните деца и внуци..

Ако дозволиме друг да одлучува за разликите и крајностите помеѓу нас самите, за контрадикциите и спротивставеностите помеѓу нас и тој што преку уцена сака да ја ретушира нашата историја, ние всушност го отвораме патот до нашиот нов национален раскол, до нашето самоуништување. За нас – Македонците, за нашата држава – Република Македонија, за нашиот историски идентитет, и во овој момент особено за нашиот историски континуитет има, мора и треба да одлучуваат Македонци. Туѓинци, во никој случај и под никоја цена. Зошто? Па затоа што, повеќе од јасно е дека нивната цел е, и ова Емпедоклово Едно (Република Македонија) што за нас е светло, свето и неделиво, да го поделат што е најдобар начин за нашето крајно уништување.

(продолжува)

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…