Добра вест: Во пожарот кај „Рампа“ нема повредени лица, ова се деталите
Пожарот што денеска избувна кај Стара рампа спроти Тутунски комбинат е локализиран и според привичните информации, нема повредени.
Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески рече дека е спречено ширење на пожарот.
-Затекнат е пожар во разгорена фаза, брзо е интервенирано, направено е секторирање на објектот, спречено е ширењето на пожарот кон соседниот објект, останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно, интервенирано е со шест противпожарни возила и 20 пожарникари, изјави Томевски.
Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според Томески, нема повредени лица во пожарот.
-Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор беше што од едната страна на објектот се наоѓа објект кој е во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата. На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот. Нема повредени пожарникари, нагласи Томевски.
И градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потврди дека нема повредени во пожарот. Најави дека ќе се испитува чие е земјиштето и бараките што се изгорени.
Како што информираше, во тие бараки имало населено семејство на диво, но било отстрането од таму по неколку месеци.
-Ова е трет пожар откако сум јас градоначалник. Според досегашните информации, причината за трите пожари е иста, а тоа е диво вселени граѓани кои се причинители на самиот пожар. Во моментов она што го имам како информација, а дополнително во текот на денот ќе се произнесеме, е дека има сопственост на бараките и на земјиштето, има ДУП што е во важност и не гледам кои се причините за некој сам да си го пали земјиштето за да гради, доколку може да го урне истото и да гради, рече Герасимовски. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Го надлетавме Водно, нема ниту чад…
Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад…
Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот…
Вработен во МВР возел без возачка и…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…
Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…
Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во…
Општина Центар – Скопје денес и утре…