Ќе се провери сопственоста на земјиштето на кое денес избувна пожар, вели градоначалникот на Центар

t

Општина Центар е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи и Против пожарната служба кои денеска интервенираа при гаснење на пожарот позади Билната аптека кај Стара рампа во Кисела Вода.

„До Општината, пред неколку месеци, до инспекциските служби пристигна известување дека во тие бараки диво има населено семејство. Од страна на службите се преземени чекори за семејството да биде иселено од просториите. Имаме информации дека тоа неколку месеци било диво вселено во просториите, но додека не заврши истрагата не сакаме да прецизираме кои се причините за настанување на пожарот. Ние како општина ќе ја провериме сопственоста на земјиштето“, рече градоначалникот на Општина Центар, изјави Горан Герасимовски пред медиумите.

Герасимовски истакна дека ова е трет пожар на територија на Општина Центар откако е тој градоначалник. Едниот се случи во Парк, каде се запалија бараките на Судот, вториот во Треска и ова е сега трет пожар.

Општина Центар упатува искрена благодарност до екипите на Против пожарната служба за брзата интервенција и брзото локализирање на пожарот. По информациите од надлежните институции во однос на причините и околностите под кои настанал пожарот Општина Центар веднаш ќе ја информира јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Го надлетавме Водно, нема ниту чад…

Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад…

Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна,…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот…

Вработен во МВР возел без возачка и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…