Бучковски: Русија стои зад протестите против францускиот предлог
Владо Бучковски, поранешниот премиер и поранешен специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, за „БГНЕС“ изјави дека зад протестите и предлогот за референдум за поништување на Договорот со Бугарија – стои Русија.
Зад антибугарската хистерија во Република Македонија – протестите и предлогот за референдум за укинување на Договорот за пријателство со Бугарија – стои Русија која долго време работи на дестабилизација на регионот, смета поранешниот премиер.
Бучковски за „БГНЕС“ вели дека нема враќање назад во бугарско-македонските односи и дека со помош од Софија ќе го спроведеме францускиот предлог и ќе станеме членка на Европската унија и додаде дека Москва нема интерес за стабилност на Западен Балкан.
Тој потсети дека Бугарија на почетокот на летото протера 70 руски дипломати и дипломатски персонал од руската амбасада во Софија, а РМ протера и неколку дипломати.
„Не е тајна дека Русија долго време работи на дестабилизација на земјите од Западен Балкан“, потенцира поранешниот македонски премиер.Тој е убеден дека РМ сфатила што може да предизвика најмногу емоции, а тоа се бугарско-македонските односи.
„Зад протестите и зад желбата за одржување референдум стои руското влијание. Порано или подоцна тоа ќе стане многу појасно“, потенцира Владо Бучковски, додавајќи дека „не само партијата Левица е дел од ова сценарио“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…