Му се „стемни“ и на Албанскиот театар: Должи 70.000 евра за струја
Високите сметки за струја оставаат во мрак државни институции во Македонија. Дел од нив е и Албанскиот театар во Скопје, а претходно јавноста беше сведок дека поради долгови без струја остана и како и Опера и балет.Албанскиот театар е исклучен од електричната мрежа поради долг од 4 милиони и 200 илјади денари (околу 70 илјади евра), овој долг акумулиран од февруари годинава.Актерите на Албанскиот театар од Скопје изјавија дека ја спремаат драмата „Три сестри“ од авторот Антон Павловиќ Чехов (дело напишано во 1900 година), во исти услови како кога е напишано – без светло – бидејќи сега веќе две недели театарот е без струја.
„Горка е судбината што по сите овие години кога ова дело го напиша Чехов на свеќи, и после сите овие години ја работиме оваа драма без струја, па преку ден ги преместивме сите проби за читање на маса. Но, знаете дека главната работа во театарот се работи на сцената. А, како што знаете, сцената, без разлика дали е ден или ноќ, е темна, па мора да биде осветлена за да и се даде боја каква што заслужува една сцена“, рече актерот Фисник Зеќири.Министерството за култура во понеделникот соопшти дека средства се обезбедени и овие институции ќе бидат снабдени со електрична енергија до крајот на денот откако ќе се платат сметките за струја.Од министерството изјавија и дека отсега и покрај поскапувањето на струјата, културните институции нема да останат без светла.Од компанијата дистрибуција на електрична енергија ЕВН за Радио Слободна Европа велат дека најголеми должници се 186 државни и јавни институции, од кои 16 се целосно исклучени од мрежата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина му помага на партнерот од БРИКС…
Јужна Африка ја доби првата серија кинески…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…
Дел од Општина Карпош утре без струја
Во текот на утрешниот ден, без електрична…
Без струја делови од Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи по…