Бугарија формира координативен совет за санкции против Русија
Бугарија формира специјален координативен совет за санкции на предлог на вршителите на должност министри за надворешни работи Николај Милков и за правда Крум Зарков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Советот ќе биде одговорен за спроведувањето од страна на Софија на сите рестриктивни мерки наметнати од ЕУ. Неговото создавање се должи на санкциите против Русија воведени по воената инвазија на Москва на Украина на 24 февруари оваа година.
Советот ќе треба да им помогне на бугарските компании и граѓани да дознаат дали можат да работат или да стапат во односи со компании од санкционирани земји. Новиот совет треба да ги решава проблемите кои произлегуваат од спроведувањето на санкциите против властите во Русија. Координативниот совет ќе ги подготви и одлуките за нивно покренување за конкретни случаи.
Друга цел ќе биде да се следат можните обиди за заобиколување на санкциите против Русија преку трети земји.
Советот ќе има претставници од министерствата за економија, енергетика, надворешни работи и правда, Бугарската народна банка, Комисијата за финансиска супервизија и Државната агенција за национална безбедност.
Координатор на новиот владин совет ќе биде министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков. Тој ќе ја претставува Бугарија и во групата на ЕУ за прашањето за санкциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…