Две лица нападнати кај плоштадот “Скендербег”
Вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Г.(28) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 31.08.2022 околу 16.20 часот на Плоштад „Скендербег” во Скопје, за време на одржување на јавен собир на граѓани, физички ги нападнал Б.А. и С.М.
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
Курти: Скендербег останува национален херој на Албанците…
По повод 620-годишнината од раѓањето на Скендербег,…
Рама: Цела Европа ќе дојде во Тирана…
Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека земјата…
Рано утрово Душко ја фатил за коси…
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…
Осуденик од Идризово со остар предмет нападнал…
На 22.04.2024 во 15.54 часот во СВР…