(Видео) Арсовска: Не ви се плашам!
Има повеќе пријатели од непријатели, јас не се плашам од никого, а дали тие планираат да преземат нешто или не, тоа е нивна работа. Во моментов можам да кажам дека сѐ уште имам многу повеќе пријатели отколку непријатели, рече скопската градоначалничка Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се плаши за сопствениот живот и дали има многу непријатели.
-Во изминатите месеци се случија многу работи и свесна сум дека се соочувам со една машинерија од луѓе на кои моите постапки не им се допаѓаат, ама не им се плашам, посочи таа.
Пред неколку дена скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека ги фатила „директорчиња на Христијан Мицкоски со рачињата во мед“ и го повика лидерот на опозицијата да не се крие и да не се заканува.
Откако Трајко Славевски и го угасна микрофонот штитејќи го својот партиски шеф, Арсовска изјави:
„Немој да се закануваш Мицкоски, немој да се криеш дојди тука во очи кажи ми“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…