Димитров: Македонските учебници треба да претрпат сериозни промени
Нема подготвеност за каква било промена, тврди бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, пренесува БГНЕС.
Изјавите на Димитров доаѓаат по минатонеделниот дваесетти по ред состанок на екпертската комисија за историски прашања, што се одржа во Скопје.
Во врска со темите на Комисијата, тој потенцира дека Гоце Делчев бил во нивната програма веќе трета година, но не стигнуваат до него. Димитров вели дека Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, и дека тоа треба да се направи веднаш. А учебниците, како што смета тој, може да се дополнат и без да се печатат нови.
-Всушност не се разговара за тоа. Она што е одлучено и најавено е дека треба да се пристапи кон промена на нивните учебници. Зборуваме за учебникот надвор од нашата заедничка историја. Сигнал дека бугарската страна има намера прецизно да ги спроведе одлуките на комисијата даде нашата средба пред да заминеме за Скопје со раководството на Министерството за образование, кое со разбирање го прифати она што го решивме.
Белешките за нашите учебници се општи, не допираат важни работи во толкувањето и се пуста желба, но она што треба да го направат е да видат реципрочна акција, почитување на заедничката комисија, да направат сериозни измени во нивните учебници. Ова треба да се направи веднаш. Учебниците може да се дополнат и без да се печатат нови, коментира Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…