Голем камбек на Пенов во политиката?
Нејсериозен и единствен кандидат на партијата за оваа позиција е поранешниот градоначалник на Скопје и екс претседател на ЛДП, Ристо Пенов, кој веќе добил понуда и во следниов период треба да се изјасни дали ја прифаќа, дознава Канал 5. На прашање дали планира да се врати во политиката како министер за локална самоуправа, Пенов кратко ни одговори дека се уште е рано, иако извесно е дека е главниот адут на либералдемократите.
Горан Милевски денеска и официјално се збогуваше од министерката позиција во Владата, поради, како што тврди лични причини и замор од работата. Оттаму велат дека оставката е доставена до премиерот и истата ќе биде разгледана, по што се очекува да биде констатирана на собраниска седница. Освен од Владата, Милевски се повлекува и од лидерската позиција на ЛДП, а за негов наследник се уште трае внатрепартиската дебата. Засега единствено пратеничката Моника Зајкова за Канал 5 потврди дека има амбиции да биде првата жена претседател на ЛДП, но одлуката ќе ја носи раководството на декемврискиот редовен конгрес на партијата.
Оставката на Милевски отвори шпекулации во јавноста за можни промени и на три други министерски места. Неофицијално, на листата за промени се споменуваат имињата на двајцата министри од Алтернатива Беким Сали за здравство и Адмирим Алити од информатичко општество и администрација, но од партијата демантираат и се на став дека нивните министри се меѓу најуспешните во владата..
Дека би имало промени во останатиот дел од ресорите, демантираа и од СДСМ.
Извор: Канал 5
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…
На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…
Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…
(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…