Шпицниот градоначалник Мицкоски не им дозволува на градоначалниците да се појавуваат на проектите на Арсовска
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да присуствуваат на настани што ги организира градоначалничката Данела Арсовска, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера на почетокот на реконструкцијата на улицата Перо Наков не беше поканет градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска. Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковацевски – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во понеделникот Арсовска изврши увид на изградбата на мега паркот во општина Ѓорче Петров каде исто така не присуствуваше градоначалникот Александар Стојковски, што не беше случај во изминатиот период кога на заеднички проекти заедно се појавуваа и даваа изјави.
Инаку денес градоначалничката Данела Арсовска изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Перо Наков во општината Гази Баба. Рокот за изведба на овој проект е четири месеци, а градот Скопје е целосен инвестор со 47 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…