Ѓорѓиевски: По неколку децении се реконструира коловозот на влезот во Драчево
По неколку децении се реконструира коловозот на влезот во Драчево, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски.
-Започнува првата фаза од реконструкцијата на една од главните артерии во Драчево, улицата „Јустинијан |“, или кај населението позната како „Драчевска“.
Во оваа прва фаза од градежните активности ќе бидат опфатени 500m од мостот на Маркова Река до влезот на Драчево.
Со ова, завршува долгогодишната голготата на сите учесници во сообраќајот кои секојдневно се соочуваа со нерамнините и дупките на оваа улица и значително ќе се унапредат условите во кои ќе се одвива сообраќајот.
За нашите сограѓани да добијат подобар и поквалитетен живот, она што со години им недостасува и го заслужуваат се вложуваме максимално.
Градежната офанзива со која Кисела Вода ќе добие едно ново руво, модерно и урбано, рамномерно ќе ги опфати сите урбани и месни заедници.
Со напорна работа и посветена работа, продолжуваме понатаму за наша Кисела Вода!, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот…
Вработен во МВР возел без возачка и…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…
Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…
Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во…
Општина Центар – Скопје денес и утре…
Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…
Повеќе од два часа главниот град е…