Штип бара помош од Владата за субвенции на сметките за струја

t

По примерот на град Скопје, општина Штип ќе бара од Владата 80 милиони денари за да ги субвенционира сметките на домаќинствата за потрошена електрична енергија. Предлогот е на иницијатива на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, со што граѓаните ќе добијат намалени сметки, а разликата да ја покрие државата.

-Целта е да се донесе одлука од страна на Советот на Општина Штип, што практично би значело граѓаните да немаат зголемен трошок за електрична енергија поради зголемување на цената, бидејќи разликата би ја субвенционирала државата и со тоа би се намалиле сметките на советниците и тоа по примерот на субвенционирање на корисниците на топлинска енергија во град Скопје, истакна Душко Иванов, координатор на СГ-ВМРО-ДПМНЕ-Штип.

Советникот од СДСМ, Трајче Стојчевски, инсистираше за подетално образложение за дефинираната сума.

-Дали оваа сума е поткрепена на одредена анализа за потрошувачката на домаќинствата во општина Штип и ако е, да се образложи, изјави Трајче Стојчевски, СГ-СДСМ-Штип.

Советникот Иванов му одговори дека сумата е согласно последниот попис.

-Знаеме колку жители има општина Штип и се надевам дека Владата ќе дозволи и ќе им биде помогнато на жителите во тие критични три месеца, одговори Иванов.

Иницијативата беше изгласана од мнозинството советници, а опозицијата гласаше воздржано. За ова како барање да пристигне до Владата, потребно е прво советниците да ја изгласаат предлог – одлуката на следната седница.

Извор: sitel.com.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…