„Мекдоналдс“ повторно се отвора во Украина

t

Три киевски филијали на синџирот за брза храна „Мекдоналд“ денеска повторно се отворени првпат од почетокот на руската инвазија, што е знак дека животот во украинската престолнина се нормализира по речиси седум месеци војна.

Американскиот синџир-ресторани за брза храна претходно објави во соопштение дека по разговорите со украинските власти, повторно ќе ги отвори локациите во Киев со безбедносни експерти и доставувачи, но првично само за испорака.

Денеска, новинарите на АФП лично се уверија во точноста на информациите кога видоа редица вработени во компаниите за испорака, како што е „Глов“, кои чекаат пред ресторанот за да собираат нарачки.

Во октомври овие три ресторани повторно ќе бидат отворени за посетители, а до нив ќе се отворат McDrive и McDonald’s Express, се вели во соопштението на компанијата.

„Како дел од постепеното повторно отворање на рестораните, се планира да се отворат уште седум во Киев по што бројот ќе се зголеми во главниот град и во градовите на западот на земјата“, се додава.

„Мекдоналд“ ја прекина работата во Украина на 24 февруари веднаш по руската инвазија.

Долгоочекуваното повторно отворање на популарниот американски ресторан за брза храна многу Украинци го гледаат како симболичен знак на поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…