Бугарите секогаш гледаат да не’ начекаат во тесно и да ни ја одерат кожата, кога и да сме побарале помош од Србија сме добиле
Која иронија е Ангел Димитров вика ние сме живееле во минатото, а тој во иднината а е претседател на историска комисија и доаѓа да не’ малтретира за историските фрустрации и бубачки кои ги имаат Бугарите во глава кон Македонја и Македонците, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во денешното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.
– Според моите информации после виното пиење во Србија отидоа во Бугарија да договорат да преку Бугарија гас дојде во Македонија. Цевките биле зафатени, нема место за македонскиот гас да пројде низ нив, тука е само проблемот, и ова покажува колку ни се пријатели и колку си гаиме илузии.
Кој ни е пријател се гледа, Србија, било кога да сме побарале помош веднаш сме ја добиле. Бугарија секогаш гледала да не начека во тесно и да ни ја одере кожата. Тоа се гледа и во оваа ситуација.
А ние сега дојдовме да ги решаваме ороблемите со електрична енергија, во март не знаевме? Грејната сезона почнува за 20 дена, светската криза си е светска, јас живеам во Македонија. Ние не сме од гас толку зависни како другите, Германија е тотално зависна, ние не сме, вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…