Има ли план за училиштата – Енормно високите сметки ја доведуваат во опасност учебната година
170 000 денари била највисоката сметка за струја која лани пристигнала за јануари во ОУ Лазо Ангеловски, а сега августовската изнесува 115 000 денари. Неизвесно е како ќе ги подмират новите сметки оваа зима, пари нема а да се штеди е невозможно. Средствата кои ги добиваат од блок дотации не се доволни ниту за една од тековните сметки. Општина Аеродром добива вкупно 300 милиони денари од МОН, сума која треба да ја распредели за цела година, во сите училишта.
Овој февруари 4до 5 пати повисоки сметки за струја и за парно пристигнале во основните училишта во Кисела Вода, споредено со сметките од истиот месец лани.
Директорите испратиле допис до МОН со кој побарале поголема помош за да можат да ги обезбедат неопходните услови за работа, но одговор не добиле.
Енергетската криза го доведува во прашање образовниот процес оваа зима. Иако министерот за образование вети дека училиштата ќе бида последни кои ќе ги затворат, извори за Сител велат дека МОН веќе подготвува план, зимскиот распуст да трае подолго за еден месец, а второто полугодие да се одвива онлајн.
Извор: sitel.com.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…