(Видео) Членството бара оставка од шпицниот Мицкоски: Се појави фракција во ВМРО-ДПМНЕ, причината неуспехот да се заштитат македонските национални интереси
Пред Централнит штаб на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше одржана прес-конфереција од страна на Оливер Андонов, поранешен министер за внатрешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со новоформираната фракција бара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Денешната прес-конференција е со единствена тема јавен и отворен повик до Христијан Мицкоски да си даде оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и да ог отвори со тоа патот да се извршат сите демократски промени и да партијата која во деведесетите години беше симбол на македонската демократија повторно се врати на пиедесталот.
За време на прес-конференцијата од централниот штаб на партијата во позадина беше пуштена музика, за што Андонов кратко прокоментира:
– Жалам што ова го прави центарот за комуникации, не знам која песна ќе ни ја пуштат, благодарам што ја разубавуват прес-конференцијата со музика во позадина.
Основните политички цели кои сакам да ги посочам на оваа прес-конференција покрај оставката на Мицкоски и цел та организација за нови избори за претседател на партијата бидејќи сметам дека Мицкоски е потполно потрошен ќе биде и повик до членството да делуваме како политичка фракција внатре во партијата со цел демократизација на партијата и ревитализација на партијата чиј прв чекор е оставка на Мицкоски.
Андонов посочи дека според него Мицкоски е политички целосно потрошен из атоа гтреба да си даде оставка.
– Мицкоски е потрошен политички затоа што ако тргнеме наназад 5 години кажете ми една работа во која Мицкоски направи нешто со што ВМРО-ДПМНЕ може да се гордее дека учествуало во некој процес или дека одбранил некој национален интерес во Македонија.
Андонов нагласи дека фракцијата има доста поддржиувачи кои, као што рече тој, не излегуваат во јавноста бидејќи не сакаат да бидат малтретирани од Мицкоски.
– Има многу луѓе кои ова го мислат,а кои не излегоа денеска со нас затоа што не сакаат Мицкоски им биде на врат, односно да ги малтретира.
Една порака да упатам, тоа е порака до сите оние т.н ботови бидејќи за жал ВМРО-ДПМНЕ се превори во ботовска партија, па се препукуваат на најнико ниво како СДС, никој во оваа фракција која денес ја обзнануваме, не работи ниту за СДС ниту е платен од некого да работи.
Нема да лицитирам со бројот на членови, ова е отворена работа за сите членови на партијата. Не е токму ега, две години наназад ако ги следите мооите колумни јас пишувам за аномалите на ВМРО-ДПМНЕ, првенствено беа насочени кон раководството да разбере дека давам препораки во кој насоки да се движи партијата.
Во врска со последните случувања со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Андонов нагласи дека лично не ја познава и дека не сака таа ситуација да биде поврзувана со новоформираната фракција во партијата.
– Јас Данела не ја познавам, члично не сме се запознале, погледнете ја мојата последна колумна, јас бев против Данела да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначаник, ВМРО која брои околу 40.000 членови не може да најде кандидат за градоначалник?
Зошто сега? Сега се исполнети сите услови членството во потполност да ги гледа работите како што треба, толку луѓе го гледаат тоа што се случува и велат време е да се смени нешто, Мицкоски да даде оставка. Ама тој нема сега да даде оставка, тој ќе биде доведен во сосотојба под притисок на членството да си даде оставка. Ова не е мериот коалиција, туку членови кои кажуваат дека е доста бидјќи ВМРО-ДПМНЕ треба да ја креира генералната политика во Македонија. Со едно крило не се лета никаде и немојте да ме поврзувате со Данела, со некои други исстапувања.
Ниеден функционер на ВМРО-ДПМНЕ не станал функционер затоа што тој сам по себе е даден да биде функционер, туку за да стане тоа за него раотеле членови на партијата.
Ќе делуваме преку општинските коитети, преку ЦК каде има многу членови кои не претставуваат.
Има незадоволство кај раководството, но во моментов не кажувам кој, каде како, не е во ред да ги доведам во непријатна состојба.
Член на фракцијата кој се претстави како Зоран Ефремов одговори на прашањата за бројот на членови на фракцијата, при што посочи дека ниту основачите на историската ВМРО, ниту ѓемиџиите не биле многубројни, па оставиле пелат во историјата.
– Да ве потсетам дека и на 23 вечерта 1893 година вечерта беа шесторица, атентаторите беа шесторица, не беа нешто многу ни тие што на Илинден го нападнаа Крушево, не беа многу ни тие на 11 Октомври и сите тие оставија белег и траг во создавањето на независна и самостојна Макеоднија. Но трагот кои тие го оставија за да ние наследниците дене го погазиме нивното дело, нивната жртва, пример Тодор Нанед, еден од основачите на ВМРО, чија кариера е 110 години во ВМРО, лежел по знаданите на Југославија, за да неговиот син го продолжи тоа и да биде стигматизиран бидејќи ги разобличува лажните партиоти како Мицкоски. Од таа причина ние денес излеговме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…