Руски функционер: По референдумот нападот на Донбас ќе биде напад врз Русија
По референдумот – нападот на Донбас ќе биде напад врз Русија, објаснуваат руските медиуми по денешната изјава на Путин во која изјави дека Русија ќе ги поддржи референдумите за отцепување на територии од Украина и ќе ги прифати резултатите од истите.
По референдумот, напад на ослободените територии ќе се смета за напад врз Русија, изјави потпретседателот на Советот на Федерацијата, Константин Косачев.
„По референдумот, заштитата на луѓето во овој регион нема да биде наше право, туку наша должност. Нападот врз луѓе и територии ќе биде напад врз Русија. Со сите последици“, напиша сенаторот на својот канал на Телеграм.
Тој посочи дека повеќе нема да се зема предвид мислењето на Западот: признавањето или непризнавањето на резултатите од референдумот за слободните територии е чисто внатрешно мислење на американските политичари и нивните слуги, кои се плашат од претстојниот колапс на униполарниот свет“, смета рускиот сенатор.
„Во ист кош треба да се стават изјавите на Столтенберг и Борел со нивните ветувања дека НАТО нема да се шири и дека е само „одбранбен сојуз“, сигурен е законодавецот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…