Единствено нешто што се тресе во овој момент се „рачињата фатени во медот“ – велат од Скопје за лажната вест лиферувана на партиските портали

t

Град Скопје попладнево ја демантираше објавата на порталот Република во која се тврди дека финансиска полиција и МВР ги „треселе“ градските служби по наредба ба ОЈО.

Сооопштението испратено до медиумите ви го испраќаме во целост:

-Жалиме што мораме на овој начин да се обратиме порталот Република кој наместо слободна уредувачка политика, практицира објавување на нарачки од политички центри.

Целосна лага е дека го Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈО го „треселе“ градот Скопје, уште помалку дека „влегле“ во градот како што наводно „дознале“ од порталот „Република“. До овој момент, ниту градоначалничката, ниту било кој од вработените во градската администрација не бил повикан да даде изјава.

Од информациите кои се достапни и за јавноста, до овој момент Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈОГОКК ја проверуваа документацијата за предметната јавна набавка во просториите на ЈП „Водовод и Канализација“.

Единствено што во моментов „се тресе“ се рачињата кои беа затекнати во медот. Жалиме што меѓу останатите, се „тресат“ и рачињата на „лидерот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од веројатно бил запознаен со тендерската постапка за изведувач на пречистителната станица во вредност од најмалку 136 милиони евра. Впрочем, Христијан Мицкоски во своето последно обраќање пред јавноста на интервју во „Телевизија 21“ покажа дека е детално информиран за набавката за која разрешениот директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Златко Перински тврдеше дека е доверлива.

Бараме демантот да биде веднаш и во целост објавен од страна на порталот „Република“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…