Градоначалничкот на Штип ќе ги остави наставниците без плата?!

t

Во изјава за медиумите градоначалникот на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов најавува дека наставниците во училиштата можат да останат без плата ова зимо бидејќи додатициите од Владата за плати во моментов се трошат за да се покријат високите сметки за електрична енергија.

Сметките за струја ќе им ги „изедат“ платите на наставниците и професорите. Штипскиот градоначалник, но и останатите први луѓе на општините од Источниот регион, бараат училиштата да плаќаат за потрошена електрична енергија како и домаќинствата и градинките.

– Ќе биде доведена во прашање исплатата на плати на вработените во овие институции, затоа што сите средства кои што ги добиваме по основ на блок дотации, ќе бидат потрошени за покривање на трошоците за електрична енергија и трошоците за затоплување – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Училиштата се оставени на слободен пазар на струја и сметките им се зголемени за 3 до 4 пати.

– Очекуваме уште неколку кратно да се зголеми цената на електричната енергија, која што овие институции ќе ја плаќат. Тоа значи дека, колку и да штедиме, колку и да се прилагодуваме на новонастанатата ситуација и на препораките кои што ги добивме, не можеме да го намалиме трошокот за електрична енергија затоа што секојдневно растат цените и го анулираат она штедење што се обидуваме да го направиме – додаде Јорданов

Единствено решение, според Јорданов, е регулација на цената на енергенсите, за да се овозможи оптималност и оддржливост во функционирањето.

Градот Скопје овој проблем го реши со раскинување на договорите со добавувачите за снабдување со електрична енергија. На овој начин градот успеа да ја намалу цената на потрошената електрична енергија за неверојатни 400 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…

Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…

Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…

САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…

Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…

Епидемијата на ебола во Конго е надвор…

Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…