Бурек во центарот на Скопје 85 денари, во Стара чаршија 50 денари

t

Од растот на цените на, народски кажано „сѐ живо и диво“, исклучок не е ниту бурекот.

Ако претходно осмина од овој специјалитет можевте да купите за 15 денари, а четврт за 30 денари денеска за истата таа осмина ќе мора да платите 40-50 денари, за четрврт дупло.

Но, како што убаво забележал еден граѓанин, цените варираат и зависно од локациите.

-Бурек со месо во околина на Центар – 80, 85 денари. Ѓеврек низ Центар – 25 денари. Бурек со месо во Стара чаршија (на 10 минути од Центар) – 50 денари. Притоа многу вкусен. Ѓеврек во Стара чаршија – 15 денари, констатира тој во својата објава на фејсбук.

Многумина се согласија со неговата забелешка.

-Да, бурекот и ѓеврекот имаат поинаков вкус купени на Бит Пазар. Вкусот им е поавтентичен, традиционален. До рецептот е!

Но, можеби кратат на грамажа?

-Последен пат кога јадев во чаршија (во Стар Град мислам) бурекот беше 20тина денари поевтин од центар, ама и едно 50% полесен.

-Можеби бурекџилниците во чаршија се регистрирани како занаетчии па се ослободени од оданочување и фискални…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…

Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…

Од 24 на само 4 степени во…

Голем температурен пад за само 24 часа…

Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…

Архангел Михаил е водачот на небесните војски…

Трамп ја опиша атмосферата од средбата со…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…