Maричиќ веќе влезе во ЕУ: На средба со Вархеји побара сите во Македонија да застанат зад европската иднина на земјата

t

Процесот на скрининг на земјава со ЕУ, следните активности во процесот на преговорите за членство и актуелната политичка ситуација во Северна Македонија, беа меѓу главните теми на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

– Во вистински и клучен момент ја потврдивме европската перспектива на Северна Македонија. Сега е најважно да сме фокусирани на реформите и да останеме на европскиот пат. Тоа е наша обврска и задача која им ја должиме на граѓаните, да обезбедиме просперитет и напредок на земјата, рече Маричиќ на состанокот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Унијата, го брифираше еврокомесарот за проширување Вархеји за скрининг состаноците и за подготовките за билатералниот скрининг, како и за посветеноста и мотивацијата која ја имаат институциите на земјава за процесот.

Еврокомесарот Вархеји на Маричиќ му посака успешен скрининг и испрати порака да останеме силно посветени на европската реформска агенда, како и на градењето на добрососедски односи со Бугарија и напредокот во исполнувањето на обврските од страна на двете држави.

Вархеји потенцираше дека сега е најважно сите во Северна Македонија да застанат зад европската иднина на земјата и да помогнат во процесот на преговори со Европската Унија, додавајќи дека тоа е процес кој е важен за иднината на државата и процес кој носи подобар живот за граѓаните.

На состанокот беше разговарано за последните подготовки за потпишување на Договорот со Фронтекс, кој ќе биде потпишан кон средината на октомври, но и за економски теми, во пресрет на зимата која доаѓа и предизвиците со кои ќе се соочиме, предизвикани од енергетската и економската криза.

Во таа насока Маричиќ и Вархеји разговараа и за Инвестицискиот план на ЕУ за Западниот Балкан и за забрзување во реализацијата на регионалните проекти, особено оние од инфраструктурата и енергетиката.

Инаку, денеска во Брисел продолжува скрининг состанокот за поглавје 24 „Правда, слобода и безбедност“, кој ќе трае два дена, а веќе наредната недела продолжуваат состаноците за поглавје 23 „Правосудство и темелни права“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На избирачко место во Гази Баба ќе…

Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната…

Во Зајас изборната кутија за претседател остана…

Во Зајас, изборното место од каде што…

Лукаревска Раководството треба да си поднесе одговорност,…

Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ, посочи…

Даштевски: Сега можеме да кажеме дека цензусот…

„Сега можеме да се кажеме дека е…

(Видео) Тошковски: Македонија ги имаше досега најмирните…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на…