Едвард Џозеф: Бугарите посегаат по историјата и идентитетот на земјава, што е нечуено

t

И покрај тоа што францускиот предлог не е избалансиран Северна Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите кои се важни за граѓаните и ќе ја придвижат земјата напред, изјави Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс (Johns Hopkins School of Advanced International Studies) од САД.

-Преспанскиот договор беше постигнат на фер основа бидејќи, иако Грција беше членка на НАТО и ЕУ, преговорите се водеа на еднаква основа и беше постигнат фер компромис со отстапки од Грција и од Северна Македонија. Францускиот предлог пак воопшто не ја засегна предноста на Бугарија и тој го одразува тоа. Тоа, е вели, исто така е грешка и на САД и на ЕУ, бидејќи создава лош преседан во Унијата. До граѓаните на земјата е да решат, дали тој го загрозува или не македонскиот идентитет. Но сакам да подвлечам дека е важно да се искористат предностите од скрининг процесот, без оглед на Бугарија. Тој не е во интерес на Бугарија, туку на граѓаните на оваа земја. Искористете го и направете максимум во реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и други важни реформи кои ќе ја придвижат земјата напред и ќе им покажат на граѓаните дека тоа е реално и е важно, вели Џозеф на новинарско прашање кој денеска учествуваше на годишната меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза” во Скопје.

Тој смета дека со оглед на тоа дека САД и ЕУ не успеаја да ја стават Бугарија на исто ниво со Северна Македонија, како што беше со Грција, и и овозможија да ја зачува нејзината предност, Северна Македонија треба да бара од САД, особено од Франција, но и од Германија, па и од Велика Британија афирмација на македонскиот идентитет, цврсто признавање на македонскиот народ, македонскиот јазик, па и на аспекти од македонската историја, и тие можат да го направат тоа.

Иницијативата Отворен Балкан според него, е добра за земјите од регионот во однос на трговијата, но е лоша идеја тоа да се прави со режим кој е, вели, креиран за да ја зголеми српската политичка моќ која има најголема економија со трговски суфицит со многу држави во регионот. -Србија е автократија не е демократија и се движи во погрешна насока, а во контекст на Русија и Украина, тоа значи нестабилност, додава тој.

-За Северна Македонија е добро да има добри односи со сите соседи вклучувајќи ја и Србија, добри трговски односи. Вашата земја и регионот се посветени на европска и евроатлантската интеграција, но Србија се противи на НАТО со тоа што ја поддржува Русија, промовира руски наративи и Отворен Балкан начинот на кој е дизајниран и овозможува поголемо политичко влијание на Србија во регионот, што води кон нестабилност. За вашата безбедност, како мала земја, која се соочува со закани од Бугарија, она што и треба е да не биде под српскиот чадор. Вашата безбедност треба да ја барате под чадорот на НАТО и ЕУ и да одржувате добри односи со сите земји, со Косово и Грција. Треба да го балансирате Отворен Балкан со „здрав триаголник” Скопје – Приштина и Атина, со земји кои ги почитуваат постојните граници и идентитети, смета американскиот експерт за регионот.

Тој појаснува дека српскиот национализам води кон албанскиот национализам, едниот го промовира другиот национализам, а „Голема Албанија е целосно деструктивна за оваа земја”, иако, вели не може да каже дека Албанците го бараат тоа. Во однос на бугарскиот национализам Џозеф вели дека тоа е вистинска закана бидејќи Бугарите посегаат по историјата и идентитетот на земјава, што е нечуено. Тоа, според него е кршење на духот и словото на Договорот за пријателство, а однесувањето на Бугарија е се само не пријателско.

-Заканата од Бугарија е реална, а она што ви останува е да ја искористите предноста од скрининг процесот. Не се потребни уставни измени во моментов и треба да се фокусирате на реформите, кои се во интерес на земјава. Искористење ја и предноста од претседавањето со ОБСЕ. Тоа е огромна можност во историско време кога се случува војна меѓу Русија и Украина, која има импликации на целиот свет. Вашата земја ќе ја води организацијата, која е формирана за безбедноста на истокот и западот и тоа е огромна можност и привилегија за вашата земја да го демонстрира тоа лидерство во ваков клучен момент во историјата, потенцира американскиот професор.

За уставните измени, тој укажува на изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека во моментов нема услови за тоа, но повтори, важно е што гласањето не треба да се случува денеска и дека земјата треба да се фокусира на реформите.

Во однос на брифирањата во Стејт департментот дека повеќе од 300 милиони долари биле уплатени на сметки на непартиски и владини структури во источноевропските земји, Џозеф посочува дека Извештајот е потврда на континуираната закана од страна на Русија и земјите кои се на линија со неа, „како Србија и Александар Вучиќ, кои одбија да воведат санкции против Москва, поради што и безбедноста на земјава е во опасност од земји кои кои ја поддржуваат Русија”.

На конференцијата на тема „Редефинирани приоритети: Нови реалности по украинската криза”, во организација на Универзитетот Американ колеџ и UNHCR во Северна Македонија, учествуваа околу 20 панелисти од земјава и од странство, а меѓу говорниците беше и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…