Српските безедносни служби ја следат состојбата во Србија, регионот и Источна Европа
Во Белград e одржана седница на Координационото тело за спречување и борба против тероризмот на која е разгледувана безбедоносната состојба во Србија и во регионот, и на која се презентираni мерките и активностите преземени во претходниот период заради зачувување на мирот и стабилноста, јави дописникот на МИА од Белград.
-Српските безбедносни служби внимателно и интензивно ги следат сите настани што се случуваат во Србија, но и во регионот, како и во Источна Европа. Нашите служби ги преземаат сите мерки и активности неопходни за зачувување и заштита на стабилноста на нашата земја. Државата на чело со претседателот (Александар) Вучиќ ви е длабоко благодарна, изјави министерот за внатрешни работи Александар Вулин кој претседаваше со состанокот.
Станало збор и за енергетската безбедност во контекст на светската криза, а министерот подвлече дека енергетската безбедност е нераскинлив дел од националната безбедност и дека српските безбедносни служби се особено посветени на заштитата на енергетски сектор, соопштија од МВР.
На седницата на Националното координативно тело за спречување и борба против тероризмот, покрај постојаните членови на ова тело, присуствуваа и претставници на Обвинителството за организиран криминал, Безбедносно-информативната агенциј (БИА), Воено-безбедоносната агеција, (ВБА), Воената разузнавачка агенција (ВОА), Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Канцеларијата на Советот за национална безбедност, како и Комесаријатот за бегалци и миграции на Република Србија, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се прска против комарци на…
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…
Теле било спасено на Китка, ама директорот…
Навистина е спасено теле во пожарот на…
Пожар кај Пробиштип се шири во близина…
Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…
Иранската државна телевизија емитувала закани до синот…
Иранската државна телевизија емитуваше сегмент на Канал…
Ангелов: Го надлетавме Водно, нема ниту чад…
Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад…