Левица го „стокми“ референдумското прашање, како ќе постапи Џафери?
Левица следната недела ќе ја достави иницијативата за референдум до ДИК со што ќе почне постапката за собирање на сто потписи за таа да биде доставена до Собранието, брифираат од партијата за Канал 5.
Во моментов се подготвуваат обрасците во партиските ограноци, а целта е како што велат да се остави повеќе време за да се соберат и повеќе од потребните сто потписи.
Лидерот на Левица Димитар Апасиев во вчерашното „Само интервју“ објави дека нивното референдумско прашање ќе гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци“. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија, туку заклучоците кои ги усвои Собранието а се однесуваат на преговарачката рамка и францускиот предлог, објасни Апасиев.
Според него со вака дефинирано прашање е невозможно формално-правно собранискиот спикер Џафери да ја одбие нивната иницијатива за референдумско изјаснување.
Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ засега нема реакција за иницијативата на Левица, а коментар од Џефери може да се очекува дури откако таа ќе стигне во Собранието..
Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски неизвесно е како ќе постапи Џафери за оваа иницијатива иако не исклучува дека освен правна, одлуката може да биде и политичка. За Арсовски вака формулирано референдумско прашање создава нејаснотии околу тоа кои заклучоци би се поништиле доколку референдумот биде успешен и дали Собранието би имало надлежност за тоа.
– Колку што успеав да се запознаам со иницијативата, таа се повикува на член 24 од законот за референдум, каде е дозволено референдум да се распише и по одлука на Собранието меѓународен договор. Во таа смисла, ќе видиме дали Џафери ќе го толкува како и за претходната иницијатива или бидејќи се распишува по тој член сепак ќе го дозволи референдумот, тука може да влијае и политиката. Прашањето на ВМРО-ДПМНЕ беше подобро конципирано бидејќи ги задолжуваше пратениците да донесат закон со кој се поништува законот за ратификација на Договорот со Бугарија. Вака формулираното прашање, дали сте против на продолжат преговорите на овој начин, не се знае што од таа рамка треба да се поништи. Односно дали пратениците треба да ја укинат преговарачката рамка, дали да го укинат Договорот со Бугарија, што конкретно ќе биде акцијата, изјави Арсовски за Канал 5.
Во заклучоците кои пратениците од власта ги изгласаа во јули, стои дека Собранието ја задолжува Владата да ги продолжи разговорите со ЕУ и да се усвои Преговарачката рамка, што беше понудена од француското претседателство… Апасиев очекува граѓаните на референдумот да гласаат Против, и на тој начин да се продолжи наративот од протестите кои се водеа под слоганот „НЕ“…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…
На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…
Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…
(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…