Костадиновска-Стојчевска: Досега од опозицијата не видовме ниту една државничка политика
Досега не видовме ниту еден државнички потег од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Според неа иако ВМРО-ДПМНЕ сака СДСМ да биде пред колабирање, ситуацијата не е таква.
– ВМРО-ДПМНЕ сака СДСМ да биде пред колабрирање, но за жал тоа не е така. СДСМ е секогаш на власт кога треба да се решаваат најгорчливите прашања на оваа држава, без разлика дали тие прашања и одговори му се допаѓаат на некој или не, вели министерката.
Таа вели дека од ВМРО-ДПМНЕ не видовме ниту еден државнички потег или политика.
-Еве последно да кажаеме е зошто не останаа во Собранието кога се гласаше за францускиот предлог? Три дена бевме навредувани и омаловажувани. За жал, тоа е една слика од ВМРО-ДПМНЕ која ја остава во законодавниот дом, дека се сѐ, само опозиција не, рече Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Трилинг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…