Арсовска изврши увид во реконструкцијата на “Бутелска”: Покрај коловозот ќе се подобри и водоводната линија, торотарите, постојките…

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во реконструкцијата на улицата “Бутелска”.

Како што објави градоначалничката, покрај реконструкција на коловозот се работи и на подобрување на водоводната линија и реконструирање на оштетените тротоари и автобуски постојки.

Во продолжение објавата на градоначалничката Арсовска на Фејсбук:

– Денес извршивме увид во градежните работи за реконструкција на улицата Бутелска, во општина Бутел од вкрстувањето со ул. „Александар Урдаревски“ до приклучокот кон обиколницата. Реконструкцијата на коловозот е во должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел. Целосно ќе се заменат оштетените тротоари и автобуските постојки.

Едновремено во склоп на работните задачи се превземаат активности за подобрување на водоводната линија Ф400 со цел намалување на веројатноста од настнување на дефекти на ново-асфалтираната улица во иднина поради дотраеност. За атмосферската канализација се изработува дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија.

Со реконструирање на улицата Бутелска се решава децениско барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се олеснува функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, напиша Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…