Немаме среќа: Грузија води со 2:0, крајот на натпреварот се’ поизвесен

t

Фудбалската репрезентација на Грузија одново одигра максимално сконцентрирано против Македонија. Исто како и во Скопје, момците на Вили Сањол ја пуштија нашата селекција да ја има контролата и топката во нозе, меѓутоа ги казнија сите грешки. Во првиот дел тоа беше невнимание на Бојан Миовски кој ненамерно си даде автогол, а сега тоа беше погрешно додавање на Дарко Велковски. 

Стоперот на Македонија, во обид да додаде кон средината, само проигра противнички играч, па со голема брзина Грузијците развија контра од половина терен. Живживадѕе ја имаше топката, влезе во шеснаесетникот и откако го навлече Димитриевски, му додаде на Квича Кваратшкелија кој погоди во празната мрежа за 2-0 во 64. минута од средбата. 

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…