Ангелов ги поддржува референдумските иницијативи: Ја осудувам постапката на Џафери
Стојанче Ангелов ги поддржува референдумските иницијативи, изјави лидерот на “Достоинство” во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5.
„Тоа е највисок облик на демократија на граѓаните и сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање“, рече Ангелов.
Ангелов смета дека прашањето не било добро формулирано и дека би било подобро кога би гласело „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, без прифаќање на собраниските заклучоци тој и тој“.
„На тој начин, граѓаните можат да одберат дека сме за влез во ЕУ, но без тие понижувачки услови од овој модифициран француски предлог. Јас давам поддршка на кое било прашање“, вели Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Најголем број од пожарите се предизвикани…
Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување…
Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна…
Во националниот парк Маврово, но и на…
Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…
Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…