Поранешната хрватска претседателка: Санкциите имаат ефект ама Путин попрво би умрел отколку да признае пораз
Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин да се откаже од војната, која започна на крајот на месец февруари оваа година, или пак да признае пораз.
Според Грабар-Китановиќ санкциите кон Русија имаат ефект, но Путин тоа не го признава.
„Не е точно дека санкциите немаат ефект, имаат. Но, Путин е личност која никогаш не би го признала поразот. Тој попрво би умрел“, рече таа.
Моментално во четири региони на Украина (Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск) во тек се референдуми за отцепување на регионите од Украина и припојување кон Русија.
Рускиот претседател Путин изјави дека ќе ги прифатат резултатите од референдумите, додека целата Европска Унија категорично најави непризнавање на резултатите.